Ruslan Rehimov
03 Март 2022•Ажурирај: 04 Март 2022
ЕРЕВАН (АА) ‒ Поранешниот градоначалник на Ереван, Вагн Хачатријан, е избран за нов претседател на Ерменија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ерменскиот Парламент вчера го одржа првиот круг од индиректните претседателски избори, на кои поради бојкот не учествуваа претставниците на опозициската Алијанса за Ерменија и Алијансата на гордоста.
Како кандидат на владејачката Партија за граѓански договор на премиерот Никола Пашинјан, Хачатријан освои 65 гласа, што не му беа доволни за победа, а денеска се одржа вториот круг на гласање.
Тој беше избран за нов претседател на Ерменија со 71 глас во Парламентот.
Претседателските избори во Ерменија се одржаа по оставката на актуелниот шеф на државата, Армен Саркасјан, на 23 јануари, кој рече дека тоа го прави бидејќи нема соодветни инструменти за борба против актуелните политички проблеми во земјата.
Економистот Хачатријан беше градоначалник на ерменската престолнина Ереван од 1992 до 1996 година и оттогаш е пратеник во ерменскиот Парламент. Шеесет и тригодишниот политичар беше и ерменски министер за индустрија на високата технологија.