Elena Teslova
03 Март 2022•Ажурирај: 04 Март 2022
МОСКВА (АА) ‒ Рускиот претседател Владимир Путин денеска предложи воведување нов термин „координативна држава“ во договорот за мировни активности на Организација на Договорот за колективна безбедност (ЦСТО), известува Агенција Анадолија (АА).
Путин побара од Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент, да го ратификува протоколот со потребните амандмани на договорот.
„Протоколот воведува термин ‘координативна држава’ и предвидува, под нејзино покровителство, формирање Колективни мировни сили (CPF) на Организација на Договорот за колективна безбедност, кои ќе учествуваат во операцијата на ОН за одржување на мирот“, се вели во придружната белешка и се додава:
„Условите за учество на Колективните мировни сили во операцијата на ОН се пропишани со договорот помеѓу координативната држава и релевантното тело на ОН“.
Протоколот беше потпишан во Душанбе, главниот град на Таџикистан, на 16 септември 2021 година.
Основана во 1992 година, ЦСТО е меѓувладина воена алијанса во Евроазија, составена од Русија, Ерменија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан.