Ömer Tuğrul Çam,Ata Ufuk Şeker
03 Март 2022•Ажурирај: 04 Март 2022
БРИСЕЛ (АА) ‒ Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека Европската Унија ќе додели 500 милиони евра хуманитарна помош за Украина, која е во војна со Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Фон дер Лајен за време на посетата на Романија одржа заедничка прес-конференција со романскиот претседател Клаус Јоханис.
Наведувајќи дека ќе продолжат да го поддржуваат украинскиот народ, Фон дер Лајен рече дека ќе бидат доделени 500 милиони евра хуманитарна помош.
Таа рече дека помошта ќе биде одобрена од буџетот на ЕУ, Фон дер Лајен рече: „Ќе има и повеќе.“
Во изминатите денови ЕУ најави дека ќе обезбеди и 500 милиони евра воена помош за Украина.
Фон дер Лајен, одговарајќи на прашањето за апликацијата на Украина за членство во ЕУ, рече дека ќе разговараат со лидерите на земјите од ЕУ за нејзината кандидатура.
„Наш приоритет е да се стави крај на војната“, додаде Фон дер Лајен.
Меѓу другото, таа истакна дека ЕУ ќе испрати хуманитарна и медицинска помош во Молдавија за лицата кои избегаа од војната во Украина, а во Романија ќе формираат и центар за цивилна заштита.
‒ Можни се дополнителни санкции ‒
Посочувајќи дека ЕУ има спроведено три пакети санкции против Русија поради војната во Украина, Фон дер Лајен рече: „Ако ситуацијата се влоши, ќе преземеме дополнителни чекори.“
Таа нагласи дека нивната цел е да го намалат капацитетот на Кремљ за борба со соседите и дека сегашните санкции веќе почнале негативно да влијаат на руската економија.
Истакнувајќи дека ЕУ е решена за диверзификација на снабдувањето со енергија, Фон дер Лајен нагласи: „Мораме да бидеме независни од рускиот гас, нафта и јаглен.“
Таа додаде дека ЕУ ги зголемила снабдувањето со течен природен гас (LNG) и инвестициите во обновлива енергија.