Burak Bir
22 Април 2025•Ажурирај: 23 Април 2025
ЛОНДОН (АА) - Погребот на папата Франциск ќе се одржи во сабота на 26 април, потврди Ватикан денес, јавува Анадолу.
Ватикан соопшти дека погребот на папата ќе се одржи во 10 часот по локално време.
Одлуката е донесена на состанокот на кардиналите рано утринава, а конклавата за избор на нов папа ќе започне на 5 мај.
Во февруари папата Франциск беше примен во болница во Рим со бронхитис, кој премина во пневмонија. Тој беше отпуштен по 38 дена за да продолжи со закрепнување во неговата резиденција во Ватикан.
Папата почина вчера, 21 април, на 88-годишна возраст.