Ekip
27 Мај 2017•Ажурирај: 28 Мај 2017
МАНЧЕСТЕР (АА) - Британската полиција која го истражува нападот во концертната сала во Манчестер објави дека се уапсени уште две осомничени лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Од полицијата во Манчестер велат дека две машки лица на возраст од 20 и 22 години, се приведени утринава поради сомнеж дека сториле терористичко дело. За да влезе на нивниот имот полицијата употреби експлозив, се додава во соопштението.
Од полицијата наведуваат дека сега бројот на осомничени за нападот во Манчестер кои се приведени изнесува вкупно 11.
Во експлозија во арената Манчестер, во понеделникот, пред крајот на концертот на американската поп ѕвезда Аријана Гранде убиени се 22 лица а над 60 се повредени.