Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Murat Tan
27 Мај 2017•Ажурирај: 27 Мај 2017
КАИРО (АА) - Египетската војска изврши воздушен напад врз либискиот град Дерна, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како јавува египетската државна телевизија, повикувајќи се на Министерството за одбрана на таа земја, мета на воздушниот напад беа вооружените сили во Либија.
Наводно се работи за силите за кои постојат тврдења дека се поврзани со вчерашниот напад на автобусот кој превезувал коптски христијани, а во кој се убиени 23 а повредени 25 лица.
Не се наведени детали за самиот напад, но нагласено е дека наредбата за негово извршување ја издал претседателот на Египет, Абдулфетах Ес-Сиси.
Воените извори јавуваат дека мета на нападите биле силите на муџахидите Дерна. Овие сили се борат против терористичката организација ДЕАШ, и силите на генералот Халифе Хафтер во Тобрук.