Sinan Doğan
09 Јули 2021•Ажурирај: 12 Јули 2021
БОГОТА
Во судирот меѓу безбедносните сили и вооружена банда во Каракас, главниот град на Венецуела, загинаа 5 лица, а 10 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми во земјата, дошло до судир меѓу припадници на вооружена банда и безбедносните сили, кои биле во патрола во населбата Кота 905, во западниот дел на главниот град.
Во судирот животот го загубиле 5 лица, а 10 се ранети.
Кармен Мелендез, министерката за внатрешни работи на Венецуела, во објавата што ја постави на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека се испратени дополнителни безбедносни сили во регионот.
Нагласувајќи дека припадниците на организиран криминал се обидуваат да го нарушат мирот и безбедноста на луѓето во различни делови на Каракас, министерката Мелендез рече дека полицијата ќе обезбеди мир и стабилност.