Adel Bin Ibrahim Bin Elhady Elthabti,Hacer Başer
09 Јули 2021•Ажурирај: 12 Јули 2021
ТУНИС (АА) - Туниската Црвена полумесечина спаси 50 илегални мигранти чии чамци останале во дефект недалеку од брегот на покраината Меднин, во југоисточен Тунис, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мунчи Селим, директор на Туниската Црвена полумесечина во Меднин, изјави дека спасиле вкупно 50 нерегуларни мигранти, сите државјани на Бангладеш, во близина на брегот на градот Бен Гардене.
Селим додаде дека мигрантите ќе бидат во карантин во центар во покраината Меднин.
Земјите од северна Африка, како што се Тунис и Либија, се сметаат за појдовна точка за нерегуларните мигранти кои сакаат преку Медитеранот илегално да стигнат до Европа.
Секоја година илјадници мигранти со чамци тргнуваат од Африка кон Медитеранот за да стигнат до Европа во надеж за подобар живот. Некои од мигрантите успеваат да стигнат до Европа, додека други умираат на море.
Карлота Сами, портпаролка на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци, соопшти дека најмалку 500 мигранти загинале на море при обид да преминат во Европа на миграциската рута низ централниот дел на Средоземното Море.