Zehra Ulucak
13 Октомври 2017•Ажурирај: 14 Октомври 2017
ХАНОЈ (АА) - Во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од тропскиот циклон во Централниот дел на Виетнам, загинаа најмалку 54 лица, а 39 се водат за исчезнати, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Центарот за управување со катастрофи во Виетнам потврдија дека во поплавите и лизгањето е повредено 31 лице и дека повеќе од 30.000 домови се потопени.
Службеник од центарот Нгуен Ти Лиен изјави дека во потрагата за уште 16 лица во областа Јен Баи учествуваат 580 војници и полицајци, како и повеќе од 2.000 граѓани.
Тропската депресија во вторникот го погоди централниот дел на Виетнам и донесе силни врнежи.
Виетнам е земја склона кон поплави и бури во кои секоја година гинат стотици луѓе. Во поплавите кои во август јаоваа земја загинаа најмалку 26 лица.