Amina Zorniç
30 Мај 2016•Ажурирај: 30 Мај 2016
БЕРЛИН (АА) - Четири лица загинаа во големите поплави што го погодија југозападниот дел на Германија по обилните дождови и невремето во последните 24 часа, јавува Anadolu Agency (AA).
Неколку лица се повредени, додека сè уште се очекува официјална потврда за проценетата штета предизвикана од поплавите.
Спасувачките екипи му помагаат на населението во чистење на улиците и станбените и деловени простори кои претрпеa штета од поголеми размери, а им се заканува и лизгање на земјиштето.
Метеоролозите тврдат дека во текот на последните 24 часа во југо-западниот дел на земјата паднало поголемо количество дожд отколку што обично паѓа за неколку месеци.
На терен се ангажирани службите за итна помош, пожарникарите и војската.