Riyaz Khaliq Khaliq
26 Февруари 2022•Ажурирај: 28 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ
Најмалку 10 лица починаа, а уште 9 се водат за исчезнати при превртувањето на брод во Виетнам, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Брод со 36 туристи и три члена на посадата потона во близина на древниот град Хој Ан во централната провинција Куанг Нам, објави „Виетнам њуз“.
Екипите на итната помош досега извлекоа 30 лица, од кои 10 се прогласени за мртви, се наведува во веста. Во тек се напори за да се лоцираат исчезнатите 9 лица.
Бродот превезувал туристи од островот Ку Лао Чам до областа Куа Даи во Хој Ан.
Во веста се наведува дека во тек е истрага што треба да ја утврди причината за несреќата.