Haydar Karaalp
09 Октомври 2021•Ажурирај: 10 Октомври 2021
БАГДАД
Новинарот на германската медиумска организација „Дојче Веле“ (Deutsche Welle), Али Абдузахра, веќе два дена се води како исчезнато лице во главниот град на Ирак, Багдад, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ираката Организација за следење на слободата на новинарите соопшти дека последниот контакт со новинарот Абдузахра бил остварен на 7 октомври во 23 часот по локално време и дека оттогаш му се губи секоја трага.
Репортерот на ДВ, Абдузахра, исчезнал во екот на сигурносните мерки што стапија на сила во Багдад и Ирак поради утрешните парламентарни избори.
Неофицијални извори тврдат дека Абдузахра е киднапиран, а станува збор за новинар кој известувал за правата на малцинските заедници во Ирак.