Muhammet Kurşun
09 Октомври 2021•Ажурирај: 10 Октомври 2021
ТЕХЕРАН
Земјотрес со интензитет од 5 степени ја потресе иранската покраина Хузистан, сместена во југозападниот дел на земјата, известува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за сеизмологија при Универзитетот „Техеран“ објави дека епицентарот на земјотресот се наоѓа во местото Андика во покраината Хузистан, на длабочина од 7 километри. Земјотресот се случил во 2:46 часот по локално време.
Засега нема никакви информации за евентуални човечки жртви или настаната материјална штета.