Erbil Başay
17 Јуни 2019•Ажурирај: 18 Јуни 2019
БЕРЛИН (АА) - Според соопштението од Општината Росток во Германија, на вчерашните избори за градоначалник, според првичните резултати од вториот круг, победи независниот кандидат Клаус Рухе Мадсен, државјанин на Данска, со освоени 57,1 отсто од гласовите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Со овој резултат, за првпат во Германија за градоначалник беше избрано лице кое нема германско државјанство.
Штефен Бокхан од Партијата на левицата, противкандидатот на Мадсен, освои 42,9 отсто од гласовите.
Мадсен (46), кој живее во Германија од 1992 година, на изборите беше поддржан од Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ) и Слободната демократска партија (ФДП). Мадсен 7 години ќе биде градоначалник на Росток, град кој има 210 илјади жители. Во првиот круг на изборите, одржан пред 3 недели, Мадсен беше прв и освои 34,6 отсто од гласовите, втор беше Бокхан, кој освои 18,9 отсто од гласовите.
Во Германија, граѓаните на земја членка на Европската Унија (ЕУ) и жители на земјата можат да бидат кандидати за градоначалник.