Corey Blackman
24 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
САНТО ДОМИНГО (АА) - Властите на јужноамериканската држава Еквадор прогласија осумдневна жалост за оддавање почит на жртвите, унастрадани во последниот катастрофален земјотрес во кој загинаа речиси 700 луѓе, а беа повредени скоро 17.000 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тоа беше национална трагедија. Поради загубата на голем број човечки животи, поради солидаризирањето со жалоста на семејствата на настраданите, прогласуваме осумдневна национална жалост”, рече претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа.
Потсетувајќи дека катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала точно пред седум дена го погоди северниот брег на Еквадор, претседателот Кореа соопшти дека меѓу загинатите имало настрадани странски државјани на Колумбија, Велика Британија и Канада, и изрази сочуство за нив.
Кореа изјави дека државата и нацијата вложиле максимални напори за надминување на трагедијата што ги снајде со природната катастрофа, додавајќи дека последиците од земјотресот би биле многу попогубни доколку се случеа пред десет години.
"За само 72 часа по земјотресот, ние успеавме да ја вратиме во функција водоводната мрежа, здравствените услуги и безбедносните служби за луѓето во погодените региони", рече Кореа.
Во земјотресот во Еквадор загинаа најмалку 464, а како исчезнати се водат 58 лица. Под урнатините беа спасени 113 луѓе, а во болниците се згрижени 16.601 повредени лица. Од цивилна одбрана, исто така, јавуваат дека во камповите во моментов се згрижени 25.640 луѓе кои останаа без покрив над главата.