Ekipa
23 Мај 2017•Ажурирај: 23 Мај 2017
ЛОНДОН (АА) - Официјални лица на полицијата во Манчестер соопштија дека во синоќешната експлозија на концертот на Ариана Гранде во „Манчестер Арена“, загинаа најмалку 22 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на полицијата, Иан Хопкинс, утринава изјави дека нападот е извршен од еден напаѓач самоубиец, кој ја активирал експлозивната направа, и оти продолжува истрагата за случајот кој се третира како терористички напад.
Во експлозијата се повредени 51 лице, а меѓу настраданите има и малолетници.
Во истрагата се вклучени повеќе од 400 полицајци.
Турција, САД, Германија и Франција го осудија нападот што го изврши бомбаш-самоубиец на синоќешниот концерт во „Манчестер Арена“.
И шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, утринава изјави дека Република Турција најостро го осудува нападот во Манчестер и упати порака со сочувство до Владата и народот на Велика Британија.