İdiris Okuduci
04 Август 2020•Ажурирај: 04 Август 2020
ИСТАНБУЛ
Црвениот крст на Либан соопшти дека како последица на експлозијата во Бејрут повредени се стотици луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Георгес Кетанех, претставник на Црвениот крст, соопшти дека се повредени стотици лица. Додаде дека има и загинати, но не објави информации за бројките.
Организацијата на социјалната мрежа Твитер соопшти дека во Бејрут се испратени сите амбулантни возила кои ги имаат и во другите делови на земјата.