27 Јуни 2022•Ажурирај: 28 Јуни 2022
КАБУЛ (АА) - Стотици куќи се уништени како последица на земјотресот кој минатата недела го погоди Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фоторепортерот на АА го сними подрачјето во округот Гијан, во покраината Пактика, една од областите најтешко погодени од земјотресот.
На фотографиите може да се види дека некои објекти се делумно срушени, додека некои се целосно срушени поради силниот земјотрес.
Во земјотресот со јачина 6,1 степен по Рихтер, кој во вторникот навечер ги погоди источните покраини на Авганистан, животот го загубија најмалку 1.150 луѓе, а над 1.600 беа повредени.
Според податоците на талибанските претставници, во покраината Пактика целосно уништени се повеќе од 2.500 куќи, а стотици се оштетени. Пактика и Хост се најтешко погодените авганистански покраини во кои неколку села се целосно уништени.