Ikrame Imane Kouachi
05 Мај 2024•Ажурирај: 06 Мај 2024
БЕЈРУТ (АА) - Четворица цивили од исто семејство се убиени, а има и голем број повредени кога израелски борбени авиони го бомбардираа градот Мајс ал-Џабал на југот на Либан, известува Анадолу.
Либанската новинска агенција објави дека израелски авиони го бомбардирале градот Мајс ал-Џабал.
Во веста се наведува дека во нападот се убиени 4 цивили од исто семејство, од кои едно дете, а голем број се ранети.
Во одделна вест, оваа новинска агенција информира дека Израел со артирелиски гранати го гранатирал и предградието на градот Алма ал-Шаба.
Во веста се додава дека Израел ја нападнал и северната периферија на градот Аитарун во округот Бинт Џбеил во јужен Либан.
Израелската страна не даде коментар на овие тврдења.
Тензиите ескалираа долж либанската граница со Израел среде размената на прекугранични напади меѓу Хезболах и израелската армија во период кога Тел Авив ја продолжува својата брутална офанзива во Појасот Газа, во која од октомври минатата година досега се убиени повеќе од 34.600 Палестинци.