Lina Altawell
27 Јануари 2026•Ажурирај: 28 Јануари 2026
ГРАД ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) – Тројца Палестинци се убиени, а тројца други ранети во денешните израелските напади во Газа, што претставува најново кршење на договорот за прекин на огнот од 10 октомври, соопштија медицински извори, јавува Анадолу.
Изворите велат дека 17-годишно момче било убиено кога бил извршен израелски напад во близина на раскрсницата Ал-Санафур во источниот дел на градот Газа.
Уште две лица ги загубија животите во ракетен напад во населбата Туфа во северниот дел на градот.
Уште три лица, меѓу кои и едно дете, беа повредени од шрапнели од израелски ракети што ја погодија областа Ал-Санафур рано утринава, додаде изворот.
Израелската Армија продолжи со воздушните напади и артилериското гранатирање низ Појасот Газа, вклучително и во населбата Туфа, каде што во последните денови е забележана значителна ескалација.
Откако стапи на сила прекинот на огнот, во повторените израелски прекршувања убиени се најмалку 486 Палестинци, а 1.341 се повредени.
Прекинот на огнот стави крај на геноцидната војна што ја започна Израел на 8 октомври 2023 година, која траеше две години, и остави повеќе од 71.000 мртви и 171.000 ранети Палестинци.
Офанзивата, исто така, предизвика широко распространето уништување на околу 90 % од цивилната инфраструктура, а трошоците за обнова од страна на ОН се проценуваат на околу 70 милијарди долари.