Ikrame Imane Kouachi
28 Јули 2024•Ажурирај: 29 Јули 2024
АНКАРА (АА) - Израелската армија уби уште 66 Палестинци во нападите врз Појасот Газа, со што вкупниот број на загинати од 7 октомври минатата година се зголеми на 39.324, објави денес Министерството за здравство во палестинската енклава, изведстува Анадолу.
Во соопштението се наведува дека околу 90.830 Палестинци се ранети во нападите извршени во истиот период.
„Во последните 24 часа израелските сили убија 66 лица и ранија 241 во три масакри на семејства во Појасот Газа, соопшти Министерството.
Министерството на палестинската енклава информираше дека голем број луѓе сѐ уште се заробени под урнатините, но дека тимовите за цивилна заштита не можат да стигнат до нив.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел спроведува брутални напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа почнувајчи на 7 октомври минатата година.
По повеќе од девет месеци израелски напади, големи делови од Газа се во урнатини.
Израел е обвинет за геноцид од Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.