Gökhan Ergöçün
05 Септември 2019•Ажурирај: 07 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Истанбул денеска е отворен Меѓународниот саем за дигитални видеоигри „ГејмИкс 2019“ (GameX 2019), јавува Anadolu Agency (AA).
На Саемот, на којшто се изложени најновите дигитални видеоигри и ќе трае до недела, се очекува да учествуваат десетици илјади гејмери.
На „ГејмИкс 2019“ се претставени видеоигри, симулатори, програми за виртуелна реалност и опрема за гејмери, а ќе бидат организирани и различни настани и работилници.
Во рамките на саемот, присутните ќе можат да се едуцираат повеќе за дроновите од страна на турската „Tech Drone League“, а ќе се одржат и трки со дронови.
Тансу Кендирли, раководител на Асоцијацијата на дивелопери на видеоигри „Ојундер“ (Oyunder), за време на отворањето рече дека секторот за дигитални видеоигри достигнал годишна стапка на раст од 10% отсто во текот на последната деценија.
„Турскиот сектор за дигитални видеоигри, кој остварува извоз од 1 милијарда долари на годишно ниво, привлекува голем интерес на инвеститорите“, нагласи Кендирли.
Тој истакна и дека големите брендови треба да ги одредат нивните рути на активност во секторот без одложување.
Ерол Озмандираџи, член на одборот за е-спортови во истакнатиот спортски клуб Галатасарај, истакна дека тимовите на е-спортовите имаат потешкотии во изнаоѓање спонзори, и дека тие ќе направат обиди за развивање на нови модели.
Здружението на е-спорт тимови на Турција ќе биде поактивно на светската сцена, особено на Блискиот Исток и подрачјето на Северна Африка.
На четиридневниот саем во Изложбениот и саемски центар „Тујап“ (Tuyap) ќе бидат одржани и панел-дискусии на девелопери и компании за дигитални видеоигри, како и на бизнисмени.