Tevfik Durul
23 Февруари 2018•Ажурирај: 25 Февруари 2018
ПЕКИНГ (AA) - При археолошките ископувања во кинескиот автономен регион Внатрешна Монголија се пронајдени остатоци од стар град, за кој се претпоставува дека припаѓа на периодот пред 2.000 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информативната агенција „Синхуа“, остатоците биле откриени на 1,3 километри северозападно од Големиот кинески ѕид, кој бил изграден за време на династијата Источен Хан (50-220 н.е.).
Археолозите веруваат дека античкиот град бил изграден од страна на династијата Источен Хан со цел заземање на трупите на Јужни Хуни.
Стариот град, кој опфаќа површина од околу 210 хектари, се состои од ѕид во должина од 5.850 метри и ров надвор од ѕидините на градот.
За време на ископувањата, во регионот се откриени и повеќе од сто куќи и еден шатор со дијаметар од 32 метри, дизајнирани во војнички стил, користени од страна на северните етнички групи во Стара Кина.
Некои од земјените чинии и тенџериња откриени во ископувањата биле декорирани со бранови и лакови, карактеристики поради кои археолозите тврдат дека овие садови им припаѓаат на културата на Хуните.
Кина на неколкупати се борела со Хуните за време на династијата Хан.