Tevfik Durul
30 Мај 2017•Ажурирај: 31 Мај 2017
ПЕКИНГ (АА) - Жителите во Кина го слават празникот „Дуанву“, којштo се смета за еден од најзначајните традиционални празници во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Празниот Дуанву, ден кога се прават натпревари со чамци во облик на змејови, е прогласен за државен празник во Кина.
По Кинеската нова година и Есенскиот фестивал, празникот Дуанву се смета за најзначаен традиционален празник.
Кинезите на овој празник традиционално се гостат со специјалитетот „зонгзи“, којшто се прави од ориз завиткан во листови од бамбус.
Иако се слави како празник, Дуанву се темели на тажната приказна за еден поет кој бил протеран од главниот град од страна на царот, во периодот на завојуваните држави во 475-221 година п.н.е., т.е. во ерата на поделба во античка Кина. Според приказната, поради тагата што ја доживеал, поетот врзал еден камен за својот врат и влегол во водите на реката Милуо. Жителите се обиделе да го спасат со чамци, но не успеале. Од тој ден па сѐ до денес, на празникот Дуанву се организираат натпревари со чамци во облик на змејови.
Овој празник се слави и во повеќе региони и го слават припадниците на повеќе етноси, со уникатна празнична облека.