Recep Canik
30 Мај 2017•Ажурирај: 30 Мај 2017
НАЈРОБИ (АА) - Во камп за бегалци во северна Кенија, 25 лица се заразени со колера, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорката на одделот за здравство во областа Туркан, Џејн Аџеле, изјави дека се хоспитализирани 25 заразени лица во бегалскиот камп Какума во таа област.
Според неа, овие лица се сместени во карантин, а поголемиот дел од заразените луѓе се дел од заедницата Динка и избегале од Јужен Судан.
„Формирани се медицински тимови за борба против колерата. Еден дел ги контролира бегалците на границата, пред да влезат во земјата, а вториот дел ги едуцира бегалците за тоа како да се заштитат од колера“, рече Aџело.
Заразата е регистрирана во главниот град Најроби и во областите Гариса, Тана Ривер, Вихига, Момбаса и Каимба, а во целата земја се регистрирани 148 заболени лица.
Податоците од Меѓународниот фонд за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) покажуваат дека меѓу 169.203 луѓе сместени во кампот Какуна, се наоѓаат околу 90.000 бегалци од Јужен Судан.
Откако починаа три лица кај кои беше откриена болеста колера, во Најроби на 19 мај беше прогласена тревога за епидемија.