Fatjon Prronı
06 Септември 2016•Ажурирај: 06 Септември 2016
ТАИЗ (AA) - Во повеќе одделни напади изведени вчера во Јемен загинаа најмалку 11 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадник на безбедносните сили е убиен во нападот на хусиските бунтовници во градот Таиз. Во исто време, девет бунтовници загинаа во судирите во покраината Ед-Дабаб, соопшти Единицата за народен отпор. Еден цивил загина, а шест се повредени во нападот со ракети и бомби кои ги користеа бунтовниците во центарот на Таиз.
Во меѓувреме во експлозија на бомба во Мариб ранети се 20 војници, од кои неколку потешко.
Немирите во Јемен почнаа кон крајот на 2014 година кога бунтовниците Хуси го преземаа главниот град Сана присилувајќи ја владата на претседателот Абд Рабух Мансур Хади да пребегне во Ријад. Судирот ескалираше минатата година кога Саудиска Арабија во придружба со останатите арапски земји покрена голема воена кампања против Хуси, поддржувајќи ја владата на Хади.
Преговорите на јеменската влада и претставниците на Хуси кои се водеа под покровителство на Обединетите нации (ОН) прекинати се минатиот месец во Кувајт, без договор.
УНХЦР наведе дека поради судирите во Јемен три милиони граѓани на таа земја пребегаа во соседните држави.