Zeynep Tüfekçi
29 декември 2015•Ажурирај: 31 декември 2015
САНА (АА) - Од нафтената компанија "Тотал" најавија дека по три децении работа, на 31-ви декември ќе се повлечат од Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).
Една од најголемите компании во глобалниот нафтен сектор "Тотал" соопшти дека поради судирот и длабоката политичка криза во Јемен, приморана е на окончување на работата во таа земја.
Во соопштението се наведува дека своите нафтени полиња и постројки во покраината Хадрамевт на 31 декември ќе му ги предаде на Министерството за нафта и ќе ги поништи сите постоечки деловни договори со партнерите со кои на тоа подрачје соработувале полни 29 години.
Нагласувајќи дека одлуката за повлекување од Јемен е од траен карактер, раководството на компанијата "Тотал" најави дека ќе соработува со властите на Јемен со цел нејзините работници во Хадрамевт да ги задржат работните места откако постројките ќе ги преземе новиот сопственик.
"Тотал" е компанија која се занимава со производство на гас и нафта. Претходните години во Јемен, на дневно ниво, произведувала 80.000 барели нафта, а со почетокот на судирите во таа земја производтвото паднало на само 10.000 барели.