?????
20 декември 2015•Ажурирај: 21 декември 2015
ЖЕНЕВА (АА) - Како резултат на конфликтите што повторно ескалираа во Јемен, Обединетите нации (ОН), објави дека мировните преговори за Јемен завршуваат,јавува Anadolu Agency (АА).
Од канцеларијата на ОН во Женева изјавија како нивниот специјален пратеник за Јемен Исмаил Улд Ахмед ќе одржи прес-конференција на крајот на денот.
Мировните преговори на провладините сили и шиитските бунтовници во Јемен започнаа минатиот вторник, 15 декември, во швајцарскиот Маколин кога на сила стапи седумдневното примирје.
Завојуваните сили и задушената коалиција предводена од Саудиска Арабија, тогаш потврдија дека ќе го почитуваат примирјето се додека тоа го почитува и "другата страна."
Сепак примирјето во неколку наврати беше нарушено а жестоките судири ескалираа вчера кога суадиската коалиција спроведе бомбашки напад во северниот дел на Јемен.
Јеменските претставници велат дека во изминатите три дена повеќе од 75 лица загинаа во судирите меѓу бунтовничките единици и провладините сили во јеменската провинција во близина на Јемен границата со Саудиска Арабија.