Ahmet Emin Dönmez
18 Мај 2022•Ажурирај: 19 Мај 2022
КИГАЛИ (АА) - Речиси 100 цивили ги загубија животите во нападите на бунтовниците во последните 10 дена во провинцијата Итури, во источниот дел на Демократска Република Конго, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Стефан Дујариќ, портпарол на Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), изјави дека околу 100 цивили, меѓу кои имало и деца и жени, биле убиени во нападите на бунтовничките групи во последните 10 дена во провинцијата Итури.
Дујариќ изјави дека бунтовниците нападнале најмалку 12 училишта и болници, а бројот на цивили кои ги загубиле животите од почетокот на годината надминал 500.
Припадниците на бунтовничката група наречена Сили на Демократската алијанса (ADF) вчера убија 20 цивили и зедоа 25 заложници во истата област.
Се проценува дека илјадници цивили ги загубија животите во нападите на бунтовниците кои дејствуваат на истокот на земјата од 2014 година досега.
Источниот дел на ДР Конго, кој се граничи со Руанда, Уганда и Бурунди, е место на напади на вооружени групи кои веќе 20 години водат борби со цел да воспостават контрола врз рудниците, меѓу кои и оние за ископување на злато и кобалт.