Mahmoud Barakat
25 Март 2017•Ажурирај: 26 Март 2017
ГАЗА (АА) - Мазен Фака, Хамас, беше убиен во петокот вечерта во појасот Газа, кој е под блокада на Израел, беше соопштено од страна на Министерството за внатрешни работи во Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Фака беше убиен од непознати напаѓачи во Тал ал Хава", изјави министерството.
Набрзо по убиството, бригадата Eзедин ал-Касам, вооруженото крило на Хамас, потврди на својата веб-страница дека Фака беше убиен опишувајќи го како еден од неговите лидери.
Хамас во саботата наутро издаде соопштение во кое за смртта на Фака го обвинува Израел.
„Движењето Хамас и неговата бригада веруваат дека ционистичките сили и нивните агенти се одговорни за ова ужасно злосторство", соопштија од Хамас.
Фака неколку пати во Израел, беше осуден на затворска казна, но беше ослободен во 2011 година со размена на затвореници меѓу Хамас и Израел.
Според тогашниот договор кој беше постигнат, Израел ослободи 1.027 палестински затвореници во замена за израелскиот војник Гилад Шалит, кој беше заробен од страна на Хамас во 2006 година.