Vesna Besiç
25 Март 2017•Ажурирај: 25 Март 2017
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Илјадници луѓе на улиците на Буенос Аирес, одбележаа 41-годишнината од воениот удар, со кој во оваа земја е воспоставена диктатурата при што загинаа или исчезнаа десетици илјади луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на протестите присутните уште еднаш испратија порака дека сакаат правда за оние кои ги загубија животите за време на воениот удар во 1976 година, но и годините понатаму.
На плоштадот де Мајо учествуваа претставници од организациите за човекови права, разни левичарски партии и групи, како и претставници на групата „Мајки на Плаза де Мајо".
Се проценува дека за време на воената диктатура од 1976 до 1983 година, биле мачени и убиени повеќе од 30.000 луѓе.
Собраните граѓани во Буенос Аирес уште еднаш побраа правдата и казна за оние кои се одговорни за овие злосторства.