Ikrame Imane Kouachi
24 Ноември 2024•Ажурирај: 25 Ноември 2024
АНКАРА (АА) - Најмалку тројца јордански полициски службеници се повредени рано утрово, кога вооружен маж отворил оган во близина на израелската Амбасада во главниот град Аман, пренесува Анадолу.
Јорданската новинска агенција Петра јави дека осомничениот нападнал полициска патрола во населбата Рабија, а потоа се дал во бегство.
Безбедносните сили возвратиле со оган, убивајќи го осомничениот, додаде агенцијата.
Јорданската влада го осуди пукањето, нарекувајќи го „терористички напад врз силите за јавна безбедност кои ја извршуваат својата должност, и кршење на стабилноста и безбедноста на Кралството, што е црвена линија“.
Понатаму, се истакнува дека нападот го извршиле „одметници со криминални досиеја и досиеја поврзани со дрога“, додавајќи дека истрагата е во тек.