Mehmet Tosun
22 Септември 2024•Ажурирај: 23 Септември 2024
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Туркије објави дека двајца терористи на ПКК се неутрализирани во регионот Гара во северен Ирак, известува Анадолу.
Во соопштението на турското Министерство се наведува:
„Нема спас за терористите од крајот што ги очекува. Нашите турски вооружени сили неутрализираа 2 терористи на ПКК што ги открија во регионот Гара во северен Ирак. Операциите што одлучно ги спроведуваме ќе продолжат сѐ додека не биде неутрализиран и последниот терорист.“
ПКК е сепаратистичка терористичка организација која е прогласена за терористичка група во Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.