Ikrame Imane Kouachi
22 Септември 2024•Ажурирај: 23 Септември 2024
ТЕХЕРАН (АА) - Од експлозија во рудник за јаглен поради истекување на гас во североисточната иранска провинција Хорасан животот го загубија 51 лице, објавија државните медиуми, пренесува Анадолу.
Во изјава за иранската државна телевизија, гувернерот на провинцијата Јужен Хорасан, Џавад Канат, изјави дека синоќа се случила експлозија на метан во два блока на рудникот за јаглен во местото Тебес.
Претседателот на Црвената полумесечина на Иран, Пир Хосеин Куливенд информираше во врска со експлозијата во рудникот за јаглен во областа Тебес, Јужен Хорасан, пренесе агенцијата Тесним.
Во моментот на експлозијата во рудникот имало околу 70 рудари.
Куливенд истакна дека спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до затрупаните во рудникот, а според последните информации во експлозијата животот го загубиле 51 лице.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан нареди истрага за причините за експлозијата