Hacer Başer
03 Јуни 2018•Ажурирај: 04 Јуни 2018
МОСУЛ (АА) - Ирачките сили на северниот дел од земјата ја уапсија една од првите жени припадници на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на полицијата во Мосул, Хамад Намис ал-Џабури, соопшти дека врз основа на разузнавачките податоци спроведена е операција за апсење на Ваџиде Џасим Нух, жена-водaч на терористите на ДЕАШ во северозападниот дел на Ирак.
Нух е уапсена во засолниште во местото Ал Мемун, југозападен Мосул.
Терористичката организација ДЕАШ летото 2014 година го окупираше ирачкиот град Мосул и низа соседни региони, а со здружената операција на ирачките сили регионот беше ослободен во јули минатата година. Постојана безбедносна закана во Ирак и понатаму претставуваат таканаречените притаени ќелии на ДЕАШ.