Alaattin Doğru
05 Ноември 2019•Ажурирај: 07 Ноември 2019
ДАКАР
Сенегалските безбедносни сили фатија хакерска група од 49 лица со нигериско потекло кои се подготвувале да изведат голем кибернапад, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата за борба против киберкриминал соопшти дека француската телекомуникациска компанија „Оранж“ се пожалила дека врз нејзиниот компјутерски систем е изведен кибернапад од една адреса во населбата Оукам во главниот град Дакар.
Во соопштението се наведува дека екипите на жандармеријата спровеле операции врз две локации во споменататата населба, при што се приведени 49 нигериски хакери.
Канцеларијата за борба против киберкриминал информираше дека осомничените се подготвувале да изведат голем кибернапад, додавајќи дека при пребарувањето на домовите на приведените хакери, конфискувани се голем број фалсификувани пасоши, мобилни телефони и компјутери.
- Приведените хакери се со богати досиеја
Осомничените се поврзуваат со кибернапад од Сенегал врз компанијата „Оранж“ во државата Брегот на Слоновата Коска, во кој на компанијата ѝ е нанесена голема финансиска загуба и со други два кибернапади во Сиера Леоне.
Сенегалската полиција и во август разби хакерска мрежа од 18 Нигеријци.