Esat Fırat
05 Ноември 2019•Ажурирај: 07 Ноември 2019
ЕРУСАЛЕМ
Еврејските доселеници го украдоа продуктот на 400 маслинови дрвја на Палестинците во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Самир Увејс, градоначалник на месноста Лубен, поврзан со градот Наблус, северно од Западниот Брег, во изјавата за дописникот на АА истакна дека една група еврејски доселеници кои живеат во населбата Алеи Захав, во близина на градот, го украле продуктот од 400 маслинови дрвја на палестинското семејство Нубани.
Увејс, истакнувајќи дека маслиновите дрвја се наоѓале близу еврејската населба, рече дека сопствениците во своите маслинови полиња можеле да влезат само со дозвола на израелските власти.
„Семејството Нубани денеска доби одговор за апликацијата за дозвола што ја поднесе пред извесно време. Кога влезе во неговите маслинови полиња, увиде дека неговите култури се целосно украдени. Семејството, од украдените продукти планираше да добие околу 700 килограми маслиново масло“, нагласи Увејс.
Истакнувајќи дека израелските власти им помагаат и им обезбедуваат заштита на еврејските доселеници, Увејс, доселениците ги обвини за кражба.
Сопствениците во текот на целата година само со дозвола Израелските власти можат да влегуваат во своите маслинови полиња, при што не им се дозволува да извршат увид на земјиштето. Таквата состојба доведува полињата да бидат цел на еврејските доселеници.