Gamze Türkoğlu Oğuz
11 Април 2019•Ажурирај: 11 Април 2019
АНКАРА (АА) - Двајца високи функционери на Судан истакнаа дека војската го присилува претседателот на државата, Омар ал Башир, да поднесе оставка, но сеуште не се јасни условите во врска со отворениот обид за преземање на контролата врз управата на државата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Воени извори: Претседателот на Судан се повлече од својата функција
Двајца функционери на Судан кои се наоѓаат на виски функции во Армијата и Владата, кои останаа анонимни, во изјава за новинската агенција „Асошиејтед Прес" (Associated Press), нагласија дека војската го присилува ал-Башир да поднесе оставка од претседателската функција, додека сеуште се неизвесни условите за отворениот обид за преземање на контролата на управата на државата.
Овие функционери рекоа дека моментално војската врши преговори за формирање на преодна влада во Судан.
Според вестите на локалните медиуми, откако Армијата на Судан ја опколи државната радио-телевизија, во Судан беа запрени летовите од меѓународниот аеродром во Картум, а дозволено е само слетување на авиони. Војската во текот на денот го окупираше и седиштето на официјалната Суданската новинска агенција (СУНА).
На улицита се забележуваат војници, како и припадници на Силите за брза поддршка при Армијата на оваа земја.
Локалните извори велат дека војниците почнале да ги приведуваат лидерите на владејачката партија Национален конгрес.
Државната радио-телевизија уште од раните утрински часови објавува национални маршеви и песни, а во титлите се наведува дека за кусо време Армијата ќе објави важно соопштение.
Безбедносните и разузнавачки единици во Судан соопштија дека се слободени сите политичари во земјата.