Mahmut Geldi
04 јануари 2016•Ажурирај: 05 јануари 2016
РИЈАД - Како што јавува службената агенција на Саудиска Арабија "SPA", Судан реши да го протера амбасадорот и иранските дипломати од Картум, Судан, како и да го повлече својот амбасадор од Техеран.
Властите на Бахреин соопштија дека денес ги прекинале дипломатските односи со Иран и дека на иранските дипломати им дале рок од 48 часа да ја напуштат земјата.
Повод за прекин на билатералните дипломатски односи помеѓу Бахреин и Иран е кризата предизвикана со саботното погубување на 47 лица осудени за тероризам во Саудиска Арабија и поради острите реакции на Иран поради тоа што меѓу погубените беше и верскиот лидер на шиитското малцинство Нимр ал-Нимр.
Синоќа Саудиска Арабија ги прекина дипломатските односи со Иран, а иранските дипломатски службеници даден е рок од 48 часа да ја напуштат земјата. Всушност, ваква одлука следеше по нападот на саудиските дипломатски претставништва во Техеран и Машхад во саботата вечер.
До дипломатска криза дојде откако властите на Саудиска Арабија во саботата соопштија дека погубиле 47 лица осудени за тероризам, меѓу кои и верскиот лидер на шиитското малцинство во таа земја ајатулах шејх ал-Нимр.
Следеа протести во тек на кои демонстрантите ја запалија зградата на амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран и конзулатот во Машхад, во североисточниот дел на земјата.
Извршувањето на судската пресуда над 47 лица предизвика низа реакции и осуди од лидерите на Европската унија, Обединетите нации, САД и други, но најостри реакции стигнаа од Иран, чиј министер за надворешни работи порача дека "Саудиска Арабија за оваа политика ќе плати висока цена".