Mohamed Elkhatem,Mahmut Geldi
15 Август 2016•Ажурирај: 16 Август 2016
КАРТУМ (АА) - Во поплавите во Судан, предизвикани од обилните врнежи, досега загина 101 лице, јавува Andolu Agency (AA).
Претседателот на суданската Црвена полумесечина, Хусеин Сулејман Абу-Салех, изјави дека само вчера и завчера, во местото Касала се изгубиле 25 лица, а затворен е патот што ги поврзува Касала со Гедарев.
Министерството за внатрешни работи на Судан претходно соопшти дека во поплавите предизвикани од поројните дождови што пред две недели ја зафатија земјата во 13 покраини, настрадале 76 лица, a предизвикана e штета на илјадници станбени објекти.
Во поплавите што го зафатија Судан, во август 2013 година загинаа повеќе од 70 луѓе, а последиците од оваа природна катастрофа ги почувствуваа над 500.000 луѓе.
Август за населението на Судан е непожелен гостин, бидејќи во тој месец врне најмногу дожд. Поради недоволната инфраструктура, властите се немоќни во борбата против овие природни катастрофи.