Fatma Esma Arslan
04 Декември 2021•Ажурирај: 06 Декември 2021
ДАКАР
Во терористички напад на село во африканската држава Мали животот го загубија 31 лице, известува Агенција Анадолија (АА).
Н‘Динде Онгоиба, претставник на локалната власт од градот Бандиагара, изјави дека вчера е извршен вооружен напад во селото Сонго Гаре, оддалечено 10 километри од Бандиагара.
Онгоиба напомена дека терористите нападнале автобус со кој патуваат трговците што секој петок одат на пазар во селото, а потоа го запалиле автобусот.
Наведувајќи дека во нападот животот го загубиле 31 лице, Онгоиба рече дека во нападот се повредени 9 лица.
Регионот Сахел познат како „граница на 3 држави“ - Буркина Фасо, Мали и Нигер, последните години е изложен на нападите на ДЕАШ и групите поврзани со терористичката организација Ал-Каеда.
И покрај странските воени мисии што се стационирани во Мали од 2013 година, терористичките организации во земјата продолжуваат со напади.