Erbil Başay
04 Декември 2021•Ажурирај: 05 Декември 2021
БЕРЛИН
Во куќа во округот Зенциг во германската покраина Бранденбург пронајдени се 5 тела, известува Агенција Анадолија (А).
Луц Миерш, портпарол на Јужниот регионален директорат на полицијата на Бранденбург, изјави дека 5 тела се пронајдени во куќа во Зенциг.
Миерш наведе дека се претпоставува дека станува збор за самоубиство. Одделот за убиства започна истрага во врска со настанот.
Весникот „Маркише алгемајне“ (Maerkische Allgemeine) објави дека меѓу мртвите се наоѓаат и три деца.