Ata Ufuk Şeker
07 Октомври 2022•Ажурирај: 10 Октомври 2022
БРИСЕЛ (АА) – Членовите на МИНДС Интернешнел (MINDS International) формирана од водечките светски новински агенции, се собраа на конференција во Брисел, јавува Агенција Анадолија (АА).
Домаќин на 33. меѓународна конференција на МИНДС беше Белгиската новинска агенција „Белга“.
Станува збор за тело кое обединува 23 водечки новински агенции во светот, вклучувајќи ја и Агенција Анадолија.
Делегацијата на АА на конференцијата насловена „Соработка за иновации и инспирација“ ја претставуваа членот на Управниот одбор, Исмаил Чаглар и директорката за стратешки комуникации и надворешни односи на АА, Хазал Дуран.
За време на дводневната програма беа одржани шест главни сесии под називот „Увид и актуелни настани“, „Иновации и најдобри практики во медиумите“, „Уредувачките системи ги поддржуваат новите медиуми“, „Партнерство со големи платформи“, „Преговори со ЕУ“ и „Иновации и партнерства“.
На учесниците им се обратија потпретседателката на Европската комисија, Маргрет Вестагер, потпретседателот на „Гугл“, Њуз Ричард Гинграс и раководителите на водечките новински агенции во Европа. Темите на нивните обраќања беа статусот на новинарството, мониторингот на медиумите, приходите, долгорочните стратегии, искуствата, медиумските иновации и трансформацијата на вестите.
Се разговараше за теми како што се нови проекти, скенирање податоци, тестирање, уредувачки системи, стратегија на платформа, бизнис-модели, планирање вести, поглед на дигиталното новинарство, финансирање на дигитални медиуми и размена на новинарско искуство.
Меѓународната конференција МИНДС се одржува двапати годишно и е платформа која им овозможува на новинските агенции да развијат соработка и да ги споделат своите медиумски стратегии.
Меѓу членовите на МИНДС Интернешнал се водечки новински агенции како АА, АФП, „Ројтерс“, АП, АНСА, ДПА, АНА, ЕФЕ и „Кјодо“.