Alaattin Doğru
15 Јуни 2020•Ажурирај: 17 Јуни 2020
ДАКАР
Најмалку 44 војници исчезнаа во Мали откако воен конвој е нападнат од заседа во близина на границата со Мавританија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Конвој од најмалку 17 воени возила прво налетал на темпирани бомби на патот во регионот Сегу, северно од главниот град Бамака, а потоа непозната група отворила оган врз нив.
Тројца војници во три возола побегнале од заседата и се вратила во најблискиот воен камп Гома Кура, додека 44 војници и 14 воени возила се водат за исчезнати.
Војската на Мали покрена опсежна операција против напаѓачите, а во потрага по исчезнатите војници се вклучени и воздухопловните сили.
Мали од 2012 година е средиште на сепаратистичките и терористички напади, а кризата е посебно изразена во централниот и северниот дел на земјата.
Речиси 4.000 француски војници, како и 15.000 мировници на ОН во мисијата МИНУСМА кои ја спроводутаат операцијата Баркхане во текот на изминатите седум години не успеале да ги неутрализираат главните безбедносни закани во Мали.