Seda Sevencan
15 Јуни 2020•Ажурирај: 16 Јуни 2020
ХАТАЈ
Обединетите нации (ОН) денеска испратија 48 камиони со хуманитарна помош за милиони цивили во северозападната сириска покраина Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).
Камионите влегоа во Сирија преку граничниот премин „Џилвеѓозу“ во јужната турска област Хатај, која граничи со сириски Идлиб.
Помошта ќе им биде поделена на жителите од градот Идлиб и околните рурални области.
Сирија е опустошена од граѓанската војна која започна во 2011 година, кога режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад презеде остри мерки кон продемократските демонстранти.
Според проценките на ОН, во војната досега загинаа стотици илјади луѓе, а повеќе од 10 милиони се раселени.
Идлиб спаѓа во деескалациската зона, а подрачјето беше предмет на повеќе спогодби за прекин на огнот, кои често беа прекршувани од режимот на Асад и неговите сојузници.
Во моментот во Идлиб живеат 4 милиони цивили, меѓу кои и стотици илјади кои последните неколку години бегајќи од сите делови на земјата од нападите на режимските сили пристигнаа во овој град.