Ömer Faruk Yıldız
01 Февруари 2021•Ажурирај: 01 Февруари 2021
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Со апсењето на државниот врв, војската на Мјанмар рано утринава изврши државен удар и ја презеде власт во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на владејачката Национална демократска унија (NLD) Мјо Нјунт потврди дека е уапсена челничката на оваа земја, министерката за надворешни работи на Мјанмар, Аунг Сан Су Кји и други водечки лица на партијата.
Тој истакна дека војската ја презела власта во земјата.
Како што соопшти војската, од утринските часови земјата ја води началникот на Генералштабот на Мјанмар, Мин Аунг Хлаинг.
Во соопштението е наведено дека пучот е извршен по наводите за извршени измами на изборите на 8 ноември 2020 година.
Мјо Нјунт во телевизиска изјава за „Ројтерс“ наведе дека очекува и сопствено апсење.
Голем број држави членки со Обединетите нации го осудија воениот удар.