Haydar Karaalp
01 Ноември 2019•Ажурирај: 04 Ноември 2019
БАГДАД
Хајдар КАРААЛП
Улогата на амбулантните возила за време на протестите против Владата во ирачкиот главен град Багдад ја преземаат такси-возилата кои се познати под името „тук-тук“.
Додека на просторот на демонстрациите се издигаат облаци од дим предизвикани од фрлените солзавци, „тук-тук“ во оваа маглива средина, без да се осврнат на немирите, се движат брзо и починатите или ранетите ги префрлуваат во болница.

На просторот каде што се одвиваат демонстрациите во Багдад, има малку амбулантни возила кои се дел од Министерството за здравство. „Тук-тук“ возилата, кои ја извршуваат должноста на амбулантните возила, неочекувано влегоа во животите на Ирачаните и станаа симбол на демонстрациите.
Од раните утрински часови до доцна навечер, на просторот на плоштадот „Тахрир“ и наоколу, можат да се забележат десетици шаренолики тук-тук возила кои со голема брзина се движат во метежот.
Тук-тук возилата кои се наоѓаат покрај демонстрантите во првите редови, се обидуваат самите да се заштитат. На кровот на некои од овие возила пишува „Амбулантно возило тук-тук“.
И демонстрантите кои го напуштаат плоштадот и си заминуаат дома, ги користат до одредени дестинации.

- Тук-тук - симбол на демонстрациите
Меѓу народот постои голема симпатија кон тук-тук возилата кои станаа симбол на демонстрациите. На просторот на демонстрациите се поставени плакати на кои пишува само пофални зборови за тук-тук возилата, а овие возила се споменуваат и на ѕидните графити.
И на социјалните мрежи се објавуваат текстови и карикатури во врска со овие мотоцикл такси-возила. Една студентка Ирачанка е видена како за време на протестите, во знак на шега носела плакат на кој пишувало „Не со некого, ќе се омажам со возач на тук-тук“.
Иранскиот пеач Хусам Ресам компонираше песна за ова возило кое стана симбол во земјата.
И Жанин Хенис-Пласхарт, шефицата на Мисијата на Обединетите нации во Ирак (UNAMI), кога оди на плоштадот „Тахрир“ го користи ова возило на три тркала. Ирачаните со симпатија гледаат на ваквиот став на Пласхарт.