Emre Karaca
01 Ноември 2019•Ажурирај: 04 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Поради недозволените демонстрации, носењето оружје, нападите на полициските службеници, но и носењето забранети маски за време на протестите, во Хонгконг за четири дена се уапсени 249 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми наведуваат дека од понеделникот до четвртокот се уапсени лица од 13 до 61 година, меѓу кои се наоѓаат и жени.
Демонстрантите палеа барикади на подрачјето на Монг Кок и им забранија на пожарникарите да гасат.
На местото на настанот е пронајдено и возило со торби прекриени со алуминиумска фолија кои содржеле експлозив.
На протестите многу често доаѓа до судири на полицијата и демонстрантите.
За да го решат случајот за мажот кого Тајван го бара поради убиство, властите на Хонгконг на почетокот на јуни планираа да го реформираат законот за испорачување на осомничените.
Но предлогот предизвика огромен страв кај жителите на Хонгконг дека ќе може да бидат испорачани на правосудниот систем под контрола на Комунистичката партија на Кина.
Властите на Хонгконг се откажаа од реформите, но протестите се продолжени бидејќи кризата прерасна во барања на демонстрантите за одржување на општи избори, истрага за полициска бруталност за време на протестите и спроведување на сеопфатни демократски реформи.
Протестите започнаа на почетокот на јуни оваа година, а на средината на месецот Лем го суспендираше Предлог-законот, но тоа не ги задоволи демонстрантите.