Sinan Doğan
17 Август 2022•Ажурирај: 18 Август 2022
БОГОТА (АА) - Четворица полицајци се киднапирани од страна на организирана криминална група која ги нападна безбедносните сили во мексиканската сојузна држава Сан Луис Потоси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени на мексиканските медиуми, неидентификувани вооружени лица ги нападнале полицајците во местото Моктезума во оваа сојузна држава.
Властите соопштија дека четворица припадници на безбедносните сили се киднапирани и дека полициските возила се запалени.
Главното обвинителство во областа го потврди нападот, нагласувајќи дека е започната сеопфатна истрага за наоѓање на киднапираните полицајци.
Исто така, со поддршка на војската, властите започнаа копнена и воздушна операција против напаѓачите.