Diyar Güldoğan
16 Август 2022•Ажурирај: 17 Август 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, и неговиот украински колега, Олексеј Резников, денес разговараа за најновата ситуација во Украина и извозот на жито, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на турското Министерство за одбрана, Акар во телефонскиот разговор му рекол на Резников дека Туркије ќе продолжи да ја игра својата улога за мир и хуманитарна помош за Украина.
Акар исто така изрази задоволство од напредокот во извозот на жито и од работата што се врши во соработка со Заедничкиот координативен центар.
Со посредство на Туркије и Обединетите нации, на 22 јули во Истанбул, Украина и Русија потпишаа договор за обновување на украинската испорака на жито од пристаништата на Црното Море. Согласно договорот, формиран е координативен центар кој ќе врши заеднички контроли на влезовите и излезите на пристаништето, обезбедувајќи ја безбедноста на рутите.
Од првото испловување на 1 август, вкупно 21 брод со жито ги напуштија украинските пристаништа, благодарение на договорот.